Дали знаете кога душата се насмевнува...


 




Дали знаете кога душата се насмевнува



Небесниот Отец ни даде лице и душа.

Секогаш кога гледаме некој близок, секогаш кога гледаме прекрасен пејзаж, кога ќе слушнеме нешто пријатно, нашето лице се насмевнува.

Но, имаме и душа која вреди повеќе од нашето лице.

Знаете ли кога ни се насмевнува душата?

Секогаш кога им помагаме на нашите ближни, нашата душа се насмевнува!

Секогаш кога им даваме милостина на сиромашните, нашата душа се насмевнува!

Секогаш кога одиме на неделната Богослужба во нашата Црква, таа повторно се насмевнува!

Секогаш кога ќе се исповедаме, нашата душа не само што се насмевнува, туку и „лета“!

Секој пат кога размислуваме со љубов за Господ Исус Христос и ги отвораме очите на нашата душа кон Него, нашата душа се насмевнува!

Секогаш кога му велиме „извини“ на некого на кого згрешивме, критикувавме, повредивме, душата ни се смее!

Секогаш кога со почит го правиме нашиот Крст, кога поминуваме покрај Црква, душата ни се насмевнува!

Овие насмевки ќе му ги понудиме на Господ Исус Христос кога ќе го сретнеме на небото!

Comments