Тогаш војната донесе смрт. Сега цивилизацијата носи болест...


 




   


Тогаш војната донесе смрт. Сега цивилизацијата носи болест


Цивилизацијата е добра, но, за да ѝ користи на душата, мора и душата да биде „цивилизирана“.

Во спротивно тоа е катастрофа.

Свети Козма рекол:

Од писмените дојде злото.

Иако науката досега напредуваше и постигна голем напредок, сепак во она што го прават за да му помогнат на светот, без да сфатат, го уништуваат светот.

Бог оставил човекот да си ја удира главата, бидејќи не Го слуша, и така си ја удира главата.

Човекот се уништува со тоа што го прави.

Што постигнале луѓето од 20 век со цивилизацијата!

Го расипаа светот, ја загадија атмосферата, се.

Тркалото, ако се откачи од оската, продолжува да се врти без цел.

Така и луѓето, ако избегаат од Божјата хармонија, се измачувани!

Во минатото луѓето страдале од војна, а денес страдаат од цивилизација.

Потоа ги напуштија градовите за селата поради војната и со мала нива поминаа.

Сега ќе ги напуштат градовите поради цивилизацијата, затоа што нема да можат да живеат во нив.

Тогаш војната донесе смрт.

Сега цивилизацијата носи болест.



Свети Пајсиј Светогорец 

Comments