Старецу што повеќе ги обединува мажот и жената?...


 




Старецу што повеќе ги обединува мажот и жената?


     


  Ајде да видиме, дали ќе разберат што мислам?

Некој ме праша:

Старче, што повеќе ги обединува мажот и жената? 

„Благодарност“, му велам. 

Секој го сака другиот за тоа што му го дава.

 Жената му ја дава на мажот довербата, посветеноста,послушност. 

Мажот и дава доверба на жената дека може да ја заштити. 

Жената е господарка на куќата, 

но и слугинка.

Мажот е владетел на куќата, но е и најмал.

Помеѓу нив тие мора да имаат чиста љубов, да има взаемна удобност 

за да може да ги извршат нивните духовни должности. 

Да живеат хармонично, тие треба да ја стават на прво место како основа на нивниот живот љубота, скапа љубов, што е во рамките на духовното благородништво, во жртва а не лажната, световната,телесната. 

Ако има љубов, жртва, едниот секогаш доаѓа на местото на другиот, 

го разбира го боли. 

И кога некој ќе го земе во неговото  срце, потоа ќе го земе и Христос во себе, кој го исполнува со Неговата неискажлива радост.

Кога има љубов, и да се далеку еден од друг, ако тоа го налагаат околностите, 

ќе бидат блиску бидејќи љубовта Христова никакви растојанија не ја делат. 

Но, кога, не дај Боже,  немаат љубов еден за друг, можат да бидат во близина, но тие се всушност далеку. 

Затоа треба да се трудат да ја одржуваат во текот на нивниот живот љубовта да се жртвуваат еден за друг.

Телесната љубов однадвор соединува само световни луѓе, се додека имаат световни квалитети, ги раздвојува, кога овие се изгубени, при што тие се доведени во пропаст. 

Додека, кога има духовна, скапа љубов, ако некој од брачните другари 

ги изгуби своите световни квалитети, 

ова не само што не ги раздвојува, 

но повеќе ги обединува. 

Кога има само телесна љубов, тогаш, ако на пр. жената види 

дека нејзиниот партнер погледнал во некоја друга, му фрла витриол и го заслепува. 

Додека, кога има чиста љубов, повеќе  боли и гледа на кој начин да го врати на вистинскиот пат. 

Вака доаѓа Божјата благодат...


Свети Пајсиј Светогорец 


                                                            



Comments