Да ми рекоа: Ќе те направиме цар, само дај ни малку од тоа што го имаш, јас не би дал ниту една трошка...


 




Да ми рекоа: Ќе те направиме цар, само дај ни малку од тоа што го имаш, јас не би дал ниту една трошка...

 



Имавме друштво во нашето бдение птиците и мршојадците, 

лисици и чакали. 

Се јави и славејот, цела ноќ викаше и бувот, а јас надвор со бројаницата! 

Кажи, кажи, какво бдение беше тоа! 

Нашата радост беше ноќното бдение во апсолутна тишина. 

Бидејќи сама по себе може да му даде на будниот Божествена молитва, мир и уште повеќе ако го посети и Божјата благодат, тогаш умот оди право на небото и тие стануваат едно.

Многупати, од големата тишина, мојата душа имаше таков одмор што завршуваше во солзи, без секако да има некоја посебна помисла, туку само од тишината.

 Затоа, само тој што ја знаел користа од тишината знае да ја цени.

Ах! благословена тишина! 

Таму молитвата, таму благодатта Божја!

Само пустината може да ѝ подари молитва на душата.

Ако ми кажат: Ќе те направиме цар, 

само дај ни малку од тоа што го имаш не би дал ниту една трошка.


 Старец Ефрем Филотејски и Аризонски 




Comments