Не е доволно што молитвата доаѓа од нашите усни...

 




Не е доволно што молитвата доаѓа од нашите усни...



Не е доволно што молитвата доаѓа од нашите усни. Многу е важно да го сакаме Оној што го повикуваме. 

Но, не можеме да ја почувствуваме оваа љубов ако механички ја повторуваме молитвата или дури и ако се концентрираме на себе. 

 Ако не се трудиме со сите сили да ги држиме заповедите Господови, тогаш залудно го повикуваме Неговото име. 

Но Бог јасно ни кажува дека не треба да го изговараме Неговото име без сериозна причина (2. Мој. 20,7). 

Затоа, кога го повикуваме името Господово, мора да бидеме свесни не само за присуството на живиот Бог, туку и за Неговата вистинска мудрост.


Свети Софрониј Сахаров 

Comments