Колку често слушам како ми велат...

 Колку често слушам како ми велат: мрзлив сум во молитвата, мрзлив сум во читањето на Светото писмо, мрзлив сум во размислувањето за Бога... Не се работи за мрзеливост; не, не си мрзлив! Едноставно не Го сакаш...

Вие не сте мрзливи затоа што имате бескрајно количество трудољубивост, енергија и сила за многу други работи; немате доволно за Бога, бидејќи нашето срце е окупирано со други работи.

Ако само нашите срца се отвораа кон Бога, ако само Тој ни значеше нешто слично како што ни значат таткото, мајката, сестрата, невестата и младоженецот и детето, тогаш немаше да се зборува за никаква мрзеливост - за никого! Затоа што кога му требаме на некој близок, забораваме на замор, болест и се, а снаодливоста, меморијата, трудољубивоста и силата доаѓаат од некаде.


Митрополит Антониј Сурожски 

Comments