Добро, Лошо, Кој знае?...

 






Добро, Лошо, Кој знае?


Некогаш во едно село некаде на исток, еден селанец имал седум коњи за да си ја работи работата.

Еден ден сите коњи избувнаа и истрчаа накај планините.. се изгубија.

Така неговите соселани доаѓаат среде црна тага и почнале да му кажуваат разни работи.

Леле! каква катастрофа те снајде!Како ќе живееш сега?

Каде ќе најдеш пари за да купиш други? … итн…

Селанецот мирно и невознемирено рекол:

Добро, лошо, кој знае?

Поминаа неколку дена и еден ден  седумте коњи се вратија!!!

И не сами! но тие со себе донесоа уште седум диви коњи, а сега селанецот имаше четиринаесет коњи.

Така соселаните повторно се собираат среде луда радост и повторно почнуваат да му кажуваат различни работи.

Колку си среќен!

Сега ќе заработите многу пари... се ви оди добро! и слично.

Селанецот мирно и невознемирено рекол:

Добро лошо, кој знае?

По неколку дена синот на фармерот во обид да ги скроти дивите коњи паднал и си ја скршил ногата.

Па селаните пак се собираат и пак си почнуваат по свое.

 Несреќа! лоша среќа!

Избркајте ги овие диви коњи!

За малку ќе ти го убиеја детето! и разни други работи...

Селанецот мирно и невознемирено рекол:

Добро лошо, кој знае?

По неколку дена започна војна во земјата и сите момци од селото се пријавија и отидоа на фронтот.

Многумина беа убиени во војната и никогаш повеќе не го виделе своето село.

Синот на селанецот со скршената нога не бил регрутиран.

И така си го спасил животот!

Конечно, за она што ни се случува во животот...

Само Бог знае зошто дозволува се.

Тој знае дали нешто е добро или лошо за нашите души…

Да Му веруваме!!!


Comments