Ќе се прославиме според мерката на нашата љубов...


 



Ќе се прославиме според мерката на нашата љубов




Многу луѓе не го знаат патот на спасението. Тие влегоа во темнината и не ја гледаат Светлината на Вистината. Тој, сепак, бил, е и ќе биде милосрден и од милост ги повикува сите кон Него: Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам.

Ова е вистинска слобода - кога сме во Бога. И ова не го знаев порано. На дваесет и седум години само верував дека Бог постои, но не го познавав.

Меѓутоа, откако Го сретнав во Светиот Дух, мојата душа ита со страст кон Него и усрдно Го молам дење и ноќе.

Господ ни даде заповед да се сакаме еден со друг. Тука лежи слободата: во љубовта кон Бога и кон ближниот. Тука се наоѓаат слободата и еднаквоста.

Во светскиот поредок е невозможно да постои еднаквост - тоа, сепак, не е важно за душата. Не секој може да биде крал или господар, патријарх или игумен или командант. Меѓутоа, каде и да припаѓате, можете да го сакате Бога и да Му угодите - и тоа е одлично.

А оние што повеќе го сакаат Бога на земјата, ќе имаат поголема слава во Царството Небесно и ќе бидат поблиску до Господа. Секој ќе се прослави според мерката на својата љубов.

Сладоста на Светиот Дух целосно го преобразува човекот и го учи да го љуби Бога апсолутно. Исполнета со љубов Божја, душата не го допира светот, иако живее на земјата меѓу луѓето

Научив дека љубовта се разликува по интензитет. Кој се плаши од Бога, се плаши да Го ожалости со нешто; тоа е првиот степен.

Кој има ум чист од страсни калкулации, ова е втор степен, поголем од првиот. Кој чувствува благодат во душата, тоа е трет степен на љубов, уште поголем.

Четвртото ниво, совршената љубов кон Бога, е кога човек ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото. Телата на овие луѓе се осветуваат и по нивната смрт стануваат Свети мошти. Тоа се прави со телата на Светите маченици, Пророците, Светите луѓе.

Кој е во оваа мерка, не се навредува од телесната желба и може да спие со нова жена, без никаква желба за неа.

Љубовта Божја е посилна од љубовта кон жената, кон која се привлечени сите, освен оние кои ја имаат полнотата на Божјата благодат, зашто сладоста на Светиот Дух целосно го преобразува човекот, и го учи апсолутно да го сака Бога.

Исполнета со љубов Божја, душата не го допира светот, иако живее на земјата меѓу луѓето. Душата заборава се што е земно поради големата љубов кон Бога.

Нашата несреќа лежи во тоа што не стоиме цврсто, поради нашата гордост, во оваа благодат, а благодатта нѐ напушта, а потоа душата ја бара со таги и поспаност и вели: Душата ми е жедна за Господа“.


Свети Софрониј Сахаров 

Comments