ѓаволот не знае што ќе се случи по секунда. Тој не ја знае иднината...


 




ѓаволот не знае што ќе се случи по секунда. Тој не ја знае иднината




ѓаволот не знае што ќе се случи по секунда. Тој не ја знае иднината. Но, тој знае што се случило и што му претходело и што се случува сега.

Затоа знаеме, дека гледачите кои ви ја кажуваат иднината се сите опседнати од ѓаволот. Сите тие се инструменти на ѓаволот. Доаѓаат некои што оделе кај гледачи и ми велат:

 Оче Савва се случи се што ми кажа гледачот!

Зошто се случи тоа? Затоа што Бог те гледа одозгора и не го слушаш Него и го слушаш ѓаволот. И бидејќи го слушаш ѓаволот, Бог дозволува да се случи тоа што ти рекол ѓаволот.

Бог зборува и нашите уши се херметички затворени. ѓаволот зборува, а ние го слушаме. А Бог ти вели:

 Па јас што ја пролеав Мојата Крв на Крстот за тебе, Јас што се понизив за тебе, Јас што толку многу страдав за тебе не ме слушаш Мене а ти го слушаш мојот непријател: Ако го слушаш Мојот непријател ќе му дозволам мојот непријател нека ти го прави она што ти веруваш..

Затоа гледачите се верни на своите зборови во она што го претскажуваат.

Гледачот ви кажува, на пример, дека некој од вашата куќа ќе умре.

Христос вели дека јас сум Животот и Воскресението и го држам твојот живот во мои раце.

Ние не го слушаме Христос.

Го слушаме Демонот кој рече, дека некој ќе умре од твојата куќа и Господ дозволува и умира.

Ова се тајните кои светот не ги знае, човекот не ги знае и ние трчаме кај гледачи да најдеме решение за нашите проблеми.


Старец Савва Ахилеј


Comments