Како ќе го победиме Голијат?… со пет кратки зборови…

 Како ќе го победиме Голијат?… со пет кратки зборови…




Што имал со себе кога Давид отишол да се бори со Голијат ? Праќката и пет мазни камења кои ги собрал од реката. Кога Голијат го виде Давида не можеше да поверува дека ќе се бори против него, дури и мислеше дека е смешно.

„Приближи се до мене “, вели Голијат, „и ќе им го дадам телото твое на птиците небески и на ѕверовите полски”. Но Давид одговара: „Ти одиш против мене со меч, копје и штит, јас, пак, одам против тебе во името на Господа Саваота, Бог на Израилевата војска, која ти ја навредуваш“. 

Потоа Давид трча кон Голијат. Зема камен, го става во својата праќќата и го фрла со сета сила. Каменот оди право кон главата на Голијат, а тој паѓа мртов! (1 Цар. Гл.17)

Ние денес, секојдневните имитатори на малиот и слаб Давид, како да го победиме имагинарниот Голијат? Мора да бидеме со присебни и да бидеме вооружени како Давид. Ќе користиме и пет мазни „камења“, пет мали зборови:

Првиот збор-камен: Господи

Вторит збор-камен: Исусе

Третиот збор-камен: Христе

Четвртиот збор-камен: помилуј 

и Петтиот збор-камен: ме!

Овие зборови се нашето силно оружје, нашите „непобедливи камења“ против големиот непријател - Голијат, ѓаволот , и тие ни даваат сила и сигурност да извикаме во нашата секојдневна борба: Ти, ѓаволе, појди кон мене со твојот имагинарен меч, копје  (т.е. сите искушенија), но јас одам против тебе во името на Бога и со тоа ќе те победам.

Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови амин.


Comments