Да знаеш дека оние кои ќе извршат самоубиство не се спасени!

 Да знаеш дека оние кои ќе извршат самоубиство не се спасени!




Еднаш еден млад човек, одеше на исповед,очајнички ги повторуваше грешките, а искушението го доведе до таа мерка да најде пиштол и да размислува за самоубиство...

Неговиот духовен татко долго пробуваше да го наговори кон љубовта и трпението да го отфрли од него искушението на очајување, но залудно..Најпосле му предложи да отиде во манастирот кај старецот Јаков Цаликис да зборува со старецот и да му помогне.

Навистина,младиот човек замина во манастир, таму се задржа неколку денови.Таму меѓутоа со никој не зборуваше за својот проблем и дојде денот на неговото заминување. Свети Јаков Цаликис го испрати до вратата, му даде полно поклони и му посака се најдобро и на крај му кажа:

Да знаеш дека оние кои ќе извршат самоубиство не се спасени!

Младиот човек занеме...

Навистина искушението го натера да поверува дека ако изврши самоубиство ќе биде спасен, зошто ќе престане да греши. Се врати спасен и одморен од манастирот, не размислувајќи повеќе за самоубиство!




Comments