Богородица ме вика! (вистинска приказна)

 Богородица ме вика! (вистинска приказна)


Беше Божиќ 2006 година. Господинот Николас ѝ рекол на својата сопруга:

- Ќе одиме во црквата на Богородица- ако сакаш - но ќе запалиме свеќа и веднаш ќе заминеме!

(Студеност? Рамнодушност? Бог знае. Но неговата душа беше добра, а Богородица сакаше да му помогне.)

Така откако ја запалил свеќата ,штом излегол од црквата,  и тргнал по калдрмата со сопругата да си замине, слушнал глас до него како вели :

– Нико!

Се сврте и погледна изненадено. Немаше никој наоколу! Одеше уште малку подалеку и повторно го слушна името:

- Нико!

Глас мек, но јасен. Тој се двоумеше и застана. Неговата сопруга чудно го погледна. Конечно повторно зачекори напред, но потоа гласот звучеше погласно, нешто како жалба!

– Нико, каде одиш?

Се шокирал и заплакал, ја фатил сопругата за рака и со скрушен глас од емоции и рекол:

- Жено, да се вратиме во Црквата. Богородица ме вика! Слушнав три пати! Ми рече: „Каде одиш Нико? Тој е во право! Што може да биде подобро од Божествената Литургија?

И додаде:

- Прости ми Дева моја! Ја презирав жртвата на Твојот Син и Тебе. Ти го свртев грбот. Прости ми, доаѓам, доаѓам!

Оттогаш тој стана редовен во неговата црква. На Божиќ, во спомен на настанот, во манастирот се одржува служба.

Настанот го раскажаа , на Божиќ 2008 година.

Тоа ни дава причини да размислуваме и да се восхитуваме на спасоносната грижа на Богородица, особено за спасение на нашите души. Таа ги лекува телата и душите на оние кои со вера ја бараат нејзината милост! 

Нејзините чуда се зголемија, можеби затоа што се зголемија и болестите. Но: „Каде што се изобилува гревот, изобилува и благодатта“. Доволно е да има искрено покајание и потрага по божествена милост. Тогаш секогаш дејствува Божјата милост, но со Неговите непогрешливи критериуми, во интерес на душите...

Comments