Испитувањето на совеста....


 



Испитувањето на совеста....



Вие сте загрижени и тажни секогаш кога ќе ја испитате вашата совест, бидејќи сега сте многу лошо. Додека порано, кога сте биле млади, таквото испитување ви покажало дека повеќе или помалку сте биле добри отколку лоши. Каква необична причина за загриженост!

Илјада пати е подобро да се гледаме себеси лоши отколку добри. Во првиот случај стануваме поскромни и така ни се отвора вратата на простувањето, вратата на Божествената милост, вратата на благодатта. Во вториот случај стануваме горди. И гордоста го затвора патот на благодатта.

Што се однесува до вистинската вредност на нашите дела и достигнувања, само Бог е судија за нив. Оној кој ги знае најтајните мисли, намери и пориви на човечкото срце.


Свети Макариј Оптински


Comments