Дали некогаш сте помислиле дека кога се молите да се случи чудо, ако не се случи, можеби и тоа е чудо?

 Дали некогаш сте помислиле дека кога се молите да се случи чудо, ако не се случи, можеби и тоа е чудо?




Дали Бог конечно го прави своето чудо понекогаш кога ни одговара или кога молчи?

Не е чудо тоа што го сакаме да се случи или да се случи онака како што ние го гледаме. Чудо е Божјата волја да се изврши во нашите животи.

Се разбира, Божјата перспектива е различна од перспективата на човекот.

Конечно, таму се покажува нашата доверба во Бога, кога Тој ни вели не и наместо да го испрашуваме или хулиме, велиме: „Нека е благословен“.

Чудо е да се сретнам со Него, да го видам, да го доживеам како љубовта во мојот живот.

Текот на средбата е секогаш крстовиден. Зошто? Затоа што покажува колку Го сакаме, кога можеме да носиме макар и малку од она што Тој го носел.

Во Црквата едно е најголемото чудо што опфаќа сè. Покајанието.

Ова е царската облека за влез во Царството Небесно...

Покајание... Движењето на обновувањето кога ќе сфатам дека сум ја предал Неговата љубов.

Отец Спиридон Скутис

Comments