Исповедта е навистина лек за душата и срцето на секој христијанин...


 


Исповедта е навистина лек за душата и срцето на секој христијанин.  Тоа претставува длабоко и искрено покајание пред Бога, преку духовниот отец кој поседува проникливост и благодатта на Светиот Дух.

 Кога христијанинот пристапува кон исповедта со чисто срце, смирено и послушно, тој го отвора патот кон вистинско духовно исцелување.


 Послушанието кон духовникот не е само чин на понизност, туку и пат кој нè води во животот во Христа.

 Тоа ни помага да го надминеме егоизмот, лошите мисли и непослушноста, кои се причина за многу искушенија и внатрешни немири.


 Духовниот отец има улога што ни вистинските родители понекогаш не можат да ја исполнат.

 Нивната љубов е длабока, но човечката слабост често не им дозволува да го најдат вистинскиот начин да им помогнат на своите деца.

 Молкот на родителите во сложени ситуации може да биде знак на нивната беспомошност, а не на одобрување.

 Затоа духовниот отец е таму да даде правилен совет, зајакнување и молитва.


 Наместо да го бараме виновникот кај нашите ближни или да се препуштаме на испрашување, повикани сме да ги отвориме нашите срца и умови за духовникот.

 Тој нè води кон покајание и нè учи како да се справиме со животните предизвици.

 Послушноста на духовните совети не е знак на слабост, туку на сила, бидејќи тоа значи предавање на својата волја на Христа.


 Ги повикуваме сите да го стават прстот на челото, да престанат да се потпираат на своите слаби мисли и предрасуди и наместо тоа да бараат духовен совет.

 Доколку се чувствувате изгубено или оптоварено, контактирајте го вашиот духовник.

 

 Послушноста и смирението се патот до спасението.

Comments