Само за зборови...

 Само за зборови...




Зошто луѓето се расправаат? Зошто се расправате? Дали некогаш сте размислувале за тоа?

Зошто тепачките, бесот на темпераментот, проблемите, викањето, недоразбирањата?

За зборови. Сè се случува за зборови. За зборовите што сте ги кажале, за зборовите што сте ги слушнале, за зборовите што ви ги пренеле трети лица. За зборови, човеку. За зборови.

Го губите сонот, ја губиште смиреноста, го губите мирот.

За зборовите тагувате, за зборовите ве повредуваат, за зборовите се лутите, за зборовите ги уништувате врските. За зборови...

Наместо да бидете среќни, да уживате во животот, наместо да уживате во секој момент, вие го трошите ,,шеќерот" за зборови. За нешто што, ако размислите, е непостоечко.

Зарем тоа не е трагично?

„И што да правиме? - ми велите

Едноставно е.

Пред се, внимавајте што излегува од вашата уста. Размислете два или три пати пред да зборувате. Не секогаш го имајте последниот збор.

Тогаш, не го земајте за вредност она што го слушате од другата личност со вашите уши.

Тоа не е важно. Нека ви каже уште нешто. Не добивате ништо.

Конечно, целосно да го игнорирате она што ви го кажуваат и ви го пренесуваат трети лица.

Никој никогаш не излегол победник слушајќи озборувања и гласини…

За зборови човеку...Го уништуваме животот, само за зборови...

Елефтеријадис Г. Елефтериос


Comments