Ако демоните се појавуваат како Ангели и зборуваат како што би зборувале Ангелите, тогаш како може некој да препознае што е вистина?

 Ако демоните се појавуваат како Ангели и зборуваат како што би зборувале Ангелите, тогаш како може некој да препознае што е вистина?




 Тоа е многу добро прашање. Мора да се понизите, мора да бидете во состојба во која ќе ја посакувате вистината Божја, а не да барате „искуства“.

 Секако, би рекол да станете Православен Христијанин и да ги откриете сите правила кои го водат Христијанскиот живот. Ова помага, иако ... не е гаранција затоа што можеш да залуташ дури и како Православен Христијанин. Црковните отци даваат основни совети. На пример, тие велат дека ако некој ви се појави како Ангел на светлината, покажете неверување. Бог нема да те критикува ако навистина сака да ти се појави, а ти го отфрлиш, затоа што ако навистина сака да ти испрати порака, повторно ќе дојде и ќе најде начин да дојде до тебе. Всушност, ве фали што сте скептични затоа што не сакате да паднете во грешка.

 Оние кои се во понапредна духовна состојба, со поголемо искуство во овие работи, постапувале на други начини. Имаме пример од животот на Свети Антониј Велики, кој цело време гледал демони. На прашањето како може да направи разлика меѓу духовите, тој рече: "Кога се појавува Ангел се чувствувам многу смирено, додека кога се појавува демон, дури и ако изгледа како Ангел, чувствувам вознемиреност."  Сепак, ова е многу опасен пристап за почетници, бидејќи може да се чувствувате премногу удобно со демоните ако немате искуство.

 Основниот одговор на вашето прашање е повторно, да влезете во редовите на Православната Црква. Додека читате настани како оние на Свети Никита и гледате како се претставуваат демоните, тогаш можете често, само знаејќи го типичниот начин на кој тие се обидуваат да ве измамат, ќе ја отфрлите заблудата за миг.

 Преподобен Серафим Роуз



 

Comments