Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете

  Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете



Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете. Бог никогаш не превидува душа која сака да се спаси и да се покае, дури и ако е ранета во борбата.

Бог знае колку е слаба нашата природа. Каде глината ќе најде сила да го издржи притисокот на водата, ако Бог не ја испече со благодатта на Светиот Дух?

Знае како непогрешливо око дека штом не остави, паѓаме и пропаѓаме. Затоа не дава да бидеме искушувани, како што сака ѓаволот. Да не остави, ќе не фрли сите во пеколот, но добриот Бог тоа го спречува и не остава колку што може секоја душа да издржи.

Колку и да бидеме ранети во борбата, да не се обесхрабруваме, туку да си ги санираме раните и да ја продолжиме борбата. Гледајќи го нашиот напор и малата волја на нашето спасение, Бог ќе ни ја даде победата.

Големо зло е борецот да ја загуби храброста во борбата, бидејќи веднаш противникот влетува со решение за да го победи. Затоа, чеда мои, дај и храброст на душата и надежта. Ќе умрам борејќи се за славата Божја, така да се каже, наместо да го тагувам мојот Бог со откажување од мојата борба против ѓаволот.

Старец Ефрем Филотејски и Аризонски


Comments