Простувањето не е секогаш лесно...
Многу често се наоѓаме во ситуации кога имаме рана во нашето срце, а таа болка нè тера да реагираме на начини кои дополнително можат да нè повредат не само нас, туку и најблиските.
Кога станува збор за нашите најблиски, како што се децата, сопружниците или пријателите, понекогаш ни е тешко да направиме разлика помеѓу личната болка и она што е добро за другите, што е добро за нив и што можеме да понудиме како поддршка.
Простувањето не е секогаш лесно. Често се чини дека ги оправдуваме туѓите постапки, но вистината е дека простувањето не е знак на слабост, туку на зрелост и сила.
Тоа е израз на љубов што не сака да биде затворен во болка и омраза, туку во стремежот да расте како луѓето.
Да простуваме не само од добрина кон другите, туку и затоа што простувајќи се ослободуваме себеси, срцето од тежината што ја носиме.
Децата се чисти и невини, не знаат за „битките“ што ги водиме како возрасни и не треба да бидат сведоци на нашата пресметка.
Тие не треба да се користат како алатка во конфликти, бидејќи тие се нашиот најголем подарок, а нашата задача како родители е да им ја пренесеме вистината, но и да ги заштитиме од нашиот личен товар.
Ако сме се скарале со некого, не треба да му дозволиме на детето да го почувствува тоа, бидејќи секоја наметната тензија што ја носиме може да му се пренесе.
Важно е да се разликува човечката болка од детската невиност. Ако нешто се случи, ако некој не навреди, не значи дека треба да ги исклучиме нив, нашите деца, од односите со тие луѓе.
Понекогаш е важно да се разбере дека нашите деца имаат право на нивните односи со луѓето, без оглед на нашите лични рани.
На крајот, сите ние сме луѓе и имаме свои борби. Но, ако не можеме да поднесеме да простиме или да се ослободиме од болката, тогаш треба да научиме да се повлечеме, за да не најдеме нова борба таму каде што не треба.
Пресвета Богородица ни го даде дарот да ги чуваме нашите најблиски, но не и да создаваме тешки пречки на нивниот пат.
Таа ги штити со своите молитви и љубов, но ние сме тие кои треба да им го покажеме патот, без гнев и без омраза.
Со она што го правиме, на децата им покажуваме како изгледа вистинската љубов и како изгледа да се биде голем човек - не според големината на ударите што ги добиваме, туку според големината на нашето простување.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар