Доаѓам од пеколот!
Доаѓам од пеколот!
Еден свештеник одел по улицата и сретнал момче на околу пет или шест години. Момчето било без обувки, нозете му беа каливи до колена, косата разбушавена, лицето неизмиено, рацете покриени со рани. Свештеникот го прашал момчето:
Дете, од каде си?
Доаѓам од пеколот!
Се зачуди свештеникот.
- Како се вика татко ти?
- сатана!
А мајка ти?
Жена на сатаната!
- Дали имаш браќа или сестри?
- Да.
- Како се викаат?
- ѓаволи
И тогаш свештеникот го праша:
- Каде живееш?
Дојди, ќе ти покажам каде живеам! - и момчето го одведе во својата куќа.
Детето покажа кон вратата од оградата која беше стара, искривена и скршена. Свештеникот го фатил детето за рака и влегле во дворот. Свештеникот ги слушнал родителите на момчето како се расправаат во куќата.
Мажот ја проколнал сопругата со страшни зборови, а таа му одговорила:
Бегај одовде, сатано!
Мажот одговорил:
А ти си жена на сатаната!
Децата поминаа покрај него, а тој им рече:
Тргни ги ѓаволите одовде!
И жена му плачеше по него, и рече:
Оваа куќа е пекол!
Детето не знаело ништо друго освен за пцуење, карање и дека неговиот дом станал пекол.
Свештеникот го слушна ова и разбра зошто детето рече дека доаѓа од пеколот. Тој не знаеше други зборови. Од мајка му слушнал дека „домот му е пеколот“, дека татко му се вика „сатана“, дека мајка му е „ жена на сатаната “ и дека неговите браќа и сестри ги нарекуваат „ѓаволи“. Сето ова го слушнал по дома.
Знаете ли зошто домот се претвора во пекол? Затоа што таму не се пости, не се читаат утрински и вечерни молитви, нема чист живот, нема одење во црква, а од сабајле пијат алкохол, пушат и се пцујат, тогаш оваа куќа навистина се претвора во пекол. Таму влегува ѓаволот и потоа тешко на тој што го поминал животот во оваа куќа! Цел ден пцовки, цел ден ќотек, цел ден мачење, оти ѓаволот влегол во оваа куќа! ѓаволот со себе носи омраза, кавги, гнев, пцовки, тепања, убиства, пијанства, блуд. Каде и да оди, ѓаволот уништува сè. И куќата се претвора во пекол!
А онаму каде што наутро стануваат и му се поклонуваат на Бога и одат на работа со молитва во душата, постат, даваат милостина, читаат свети книги и поднесуваат таги и тешкотии без мрморење, таму доаѓа Божјиот благослов и преку Неговата милост се се уредува, за доброто на нашата душа и за нашето спасение.
Преподобен Клеопа Илие
Comments
Post a Comment
Напиши коментар