На крајот, сепак, Распнатиот Исус ќе победи...
На крајот, сепак, Распнатиот Исус ќе победи, бидејќи Крстот е нашиот прославен знак. Не плашете се. Бог е со нас.
Христос е меѓу нас. Христос царува во сите кои се крстени во Христа и ние не се плашиме. Веројатно ќе паднеме во искушенија, но нашиот Спасител е близу, бидејќи вели: Јас го победив светот (Јн. 16, 33). Затоа, и ние ќе бидеме победници, макар и морето за миг да биде заканувачки разбрането. Не плашете се од никого. Плашете се само од Бога кој може да не фрли во пеколниот оган ако не внимаваме. Затоа,Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно! (Мт. 5, 10). Не заборавајте што претрпеле христијаните од античко време за да ја зачуваат својата вера во Христа. Се криеја во катакомбите, беа прогонувани, страдаа. Блажени сме ние кои сме прогонети поради нашата желба да го обожаваме Бога и да ја зачуваме нашата чистота. Ќе поминеме низ многу. На крајот, сепак, Распнатиот Исус ќе победи, бидејќи Крстот е нашиот прославен знак. Не плашете се. Бог е со нас.
Старец Ефрем Филотејски и Аризонски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар