Што треба да ги научиме децата?
Што треба да ги научиме децата?
Еднаш кај Свети Серафим Саровски дошла мајка, сопруга на болјар (припадник на високата феудална класа) и му се пожалила дека учителите не ги учат добро нејзините деца француски јазик, прашувајќи го што да направи.
Тогаш Тој ѝ рекол: „Ти жено, научи ги своите деца подобро како да се молат на Бога и тие подоцна полесно ќе го научат францускиот јазик“.
На децата, значи, прво мораме да ги научиме она што е најважно, бидејќи она што го учиме во младоста тешко го забораваме. Секундарните работи може да се научат подоцна, но и да се уште се заборавени, штетата не е голема. Но, ако не нè научат најважните работи, или нè научат нецелосно, или ги научиме и потоа ги заборавиме, тогаш звуците на пијаното ја задушуваат молитвата и францускиот акцент се користи за исмејување на родителите.
Кога срцето е заматено, потешко е да се исчисти дури и од најзаматениот поток. Бидете трпеливи и молете се на Бога за вашите деца. Со трпение, малку по малку ќе успеете да ги засрамите и со молитва ќе побарате помош од Семоќниот да ги исчисти срцата на вашите деца.
Но, пред сè, покајте се пред Него, затоа што вие не ги научивте своите на Неговиот закон.
„Чујте, небеса, и слушај, земјо, зашто Господ вели: „Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене“ (Ис. 1, 2).
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар