Искушенијата за време на празниците…

  Искушенијата за време на празниците…




Се ближат Светите Божиќни денови, но многу често пред празниците се јавуваат ситуации кои не ни дозволуваат духовно и вистински да се радуваме, но и ни предизвикуваат тага и вознемиреност. Да видиме што вели Свети Пајсиј Светогорец за оваа работа:

Старче, зошто на празниците вообичаено се случуваат некои искушенија?

-Незнаеш; На прославувањата на Христос, Пресвета Богородица , Светиите имаат радост и благословуваат, даваат благослови,духовни дарови на луѓето. Родителите им даваат дарови кога слават децата, или кралевите даваат дарови кога се раѓа кралско дете, зошто Светиите да не се почуствуваат ? Впрочем, радоста која ја даваат Тие трае долго а на душите многу и се помага.

Зошто ѓаволот тоа го знае и создава искушенија, така луѓето се одлишуваат од божествените дарови и да не уживаат и да не имаат корист од прославата ниту пак да одат во Црква.Така ги носи нештата насилникот за да им се одземе секаква Божествена помош.

Тоа се забележува и во нашиот сопствен, монашки живот. Многу пати ѓаволот од искуство знае дека Бог духовно ќе ни помогне на некоја прослава , тој ден, поточно од предвечерието, создава искушение и ни го расипува целото расположение.

Може на пр. нека се скараме со братот, па после тоа ќе тагуваме, не крши психички и физички. Така, тој не ни дава корист од празнувањето на радосниот начин на прославување. Сепак Добриот Бог ни помага да ги пребродиме овие искушенија.

А уште попозитивно ни користи, кога понизно ја преземаме вината на себе и не го обвинуваме само нашиот брат, туку и ѓаволот, бидејќи тоа е негова работа: да создава скандали и да шири зло, додека човекот како слика на Бога мора да шири мир и добрина.

Свети Пајсиј Светогорец  

Comments