НЕМА СРЕЌНИ ДЕЦА БЕЗ СРЕЌНИ РОДИТЕЛИ...
НЕМА СРЕЌНИ ДЕЦА БЕЗ СРЕЌНИ РОДИТЕЛИ
- Правам се за да ги усреќам моите деца.
- Јас работам една или две работи, им обезбедувам се - облека, храна, образование, и што сакаат. Можеби многу сум далеку, можеби не ги гледам доволно, но знам дека не се гладни. Не сакам ништо да им недостига.
- Што ако им ти недостигаш?
- Дали некогаш сте размислувале за тоа?
Велите дека правите се за да ги направите среќни, но дали некогаш сте ги прашале што навистина би ги направило среќни? Дали ги погледна во очи и рече: Што навистина ви дава радост?
Бидете сигурни дека ќе ви одговорат:
Нашата радост е што сте среќни...
Нема среќни деца без среќни родители.
Не е доволно децата да имаат полни плакари и полна маса. Потребна им е љубов, чувство на радост во куќата, пример за сила и заедништво во најтешките моменти.
Тивко се молат на Бога да не се караат мама и тато. Кога ќе видат дека ситуацијата дома е тешка, ги гледаат родителите - во очите и се смешкаат - затоа што тоа е нивната надеж.
Децата живеат за насмевките на родителите. Заедно со тие насмевки, тие обожаваат да го слушаат зборот „извини“.
Тој збор им дава сила и им го покажува суштината на животот. Тоа е знак на љубов, мир и вистинска храброст.
Вашите деца нема да бидат среќни ако се само сити. Тие ќе бидат среќни ако имате време за нив. Ако разговарате, играте, се смеете, си простувате, тие ве гледаат како оние кои се борат за среќа, кои носат светлина во најтемните денови.
Не заборавајте, вашите деца нема да ве паметат по тоа што сте им купиле, туку по тоа колку ве сакале и колку сте се сакале. Бидете пример за љубов, храброст и радост за нив. Бидете херој што ги исполнува нивните срца, не само нивните плакари.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар