Затоа толку многу страдаме...


 

Затоа толку многу страдаме...



 Господ ги гледа најдлабоките делови на срцето, она по што срцето копнее и посакува.  И ако види дека душата не може да се врати во својот дом, ќе ја исчисти, секогаш кога ќе смета дека е потребно, и ќе ја повлече до центарот на нејзиниот дом, каде што душата ќе најде мир.  Меѓутоа, ако во најдлабокиот дел од нашето срце има нешто нечисто, нешто што го привлекува овој свет и се прилепува за него, тогаш нашето талкање ќе трае долго и ќе наидеме на многу тага и страдања.  Ние што сме, така да се каже, побожни ќе доживееме повеќе тага од оние што не се.  Тоа е затоа што тие не чувствуваат внатрешна болка, не се занимаваат со вечноста, туку само со работите на овој свет: забава, храна, пијалок... Нивното внимание е целосно насочено кон ова, додека нашето е поделено: сакаме да бидеме со Господа, но материјалните работи сè уште не сме ги оставиле настрана - нашето срце сè уште е приврзано за  не се ослободивме од нив.  Затоа толку многу страдаме.


Старец Тадеј Витовнички


 


Comments