Дали душата и духот кај човекот се исти елемент?...
Дали душата и духот кај човекот се исти елемент?
Дали душата и духот кај човекот се исти елемент?
Секако дека е исто. Кога кажуваме едно, мислиме друго. Кога псалмистот вели: и според твојот дух, мисли и на твојата душа. Кога се вели: Со духовите на праведниците и на Твоите слуги, истото мислат и душите и духовите. Меѓутоа, неспорното сведоштво дека духот и душата се ист елемент кај човекот е дека тоа важи и за човечката природа на Христос, како што може да се види во следново: А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!” И кога ја наведна главата, го предаде духот (Јован 19:30).
Овде душата Христова се нарекува дух. Меѓутоа, како што е познато, духот Христов, природно соединет со Божеството, се спуштил во пеколот каде што овој дух, според псалмот, се нарекува душа, оти Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види
распаѓање (Пс. 15,10).
Се подразбира дека во сегашниот контекст зборовите душа и дух го означуваат духовниот елемент на човекот кој коегзистира со материјалното, телото. Затоа, духот и телото, хармонично обединети, формираат една личност, две во едно. Тоа што понекогаш целата личност се нарекува и душа е друга работа.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар