Децата се најчистиот дар што Бог ни го доверил...
Децата се најчистиот дар што Бог ни го доверил, души насочени кон нас, да ги сакаме, да ги заштитиме и да ги научиме како да сакаат. Тие доаѓаат во светот не за да ги исполнат нашите желби, туку ние да ги исполниме нивните потреби - за љубов, сигурност, разбирање. Ниту едно дете не е грешка, не е случајно. Бог го намислил секое од нив само за нас, без разлика колку тоа понекогаш не изненадува или буди страв од одговорност.
Но, во желбата за уште поголемо потомство, многу родители забораваат на она што веќе го имаат. Тие гледаат на она што им недостасува и не го гледаат подарокот што веќе им е даден. Детето не е бројка, не е титула на родителите, не е доказ за нечиј успех. Тоа е душа која им е доверена токму на тие луѓе, да ја сакаат најдобро што можат. И без разлика дали е едно, две или посвоено, секое дете заслужува иста количина на љубов, бидејќи љубовта не се дели - таа се множи.
Дури и кога родителите не се согласуваат за нешто, на децата им е потребен заедничкиот мир. Бидејќи детето не избира страни, родителите му се подеднакво важни. Кога не постои мир меѓу нив, во срцето на детето се јавува немир кој го следи во текот на целиот живот. Затоа најголемиот подарок што мајката и таткото можат да му го дадат на своето дете е токму љубовта - еден кон друг, макар и само во почит.
Бог не им дал деца на случајни родители, туку на оние на кои им бил потребен тој товар и благослов. Да не прашуваме дали имаме доволно, туку дали доволно сакаме. Затоа што детето не се сеќава колку сме му дале, туку колку сме го сакале.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар