Мистично соединување со Господ
Мистично соединување со Господ
Неизмерна радост и веселба, вечен празник и празник на душата, е нејзиното мистично соединување со Господ Исус Христос.
Брат те, „дојди и види!“ (Јован 1:46).
Дојдете и видете го Исуса!
Дојдете и прославете Го!
Дојди и фали го својот Господ!
Дојдете, клекнете и плачете пред вашиот Создател!
Дојдете, поклонете Му се, препознајте Го, исповедајте Го! „Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат“ (Псалм 33:5).
Дојди, гладен, да се радуваш на божествената храна!
Дојди, слеп, да уживаш во вечната светлина!
Дојди, заробен, уживај во слободата!
Дојди, смртнику, соедини се со Бесмртниот, за да го заслужиш вечниот живот!
Дојдете вие кои сте во болка и тага да најдете вечна радост!
Дојди, очаен, да најдеш надеж!
Дојди ладен, да гориш како оган!
Дојди сиромав да се збогатиш со непотрошеното богатство!
Дојдете голи да се облечете во бесмртна слава и нераспадливост!
Ете, Господ ,, иде со облаците, и ќе Го види секое око, и оние, што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите земни племиња. Да. Амин!“ (Отк. 1:7). Да, Господ доаѓа и нема да одложи.
Блажен е оној кој ги пази Неговите заповеди. Блажен е оној кој го пази Неговиот закон.
Блажен е оној кој умствено и мистично се соединува со Него.
Подигни ги, брате мој, подигни ги умствените очи на твоето срце кон Бога и моли Го да го разгори со Својата божествена љубов. Порамни ја својата волја со волјата на Господ. Како друг Вартимеј, пак извикни: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“ (Марко 10:47).
И додека демоните со своите трикови и стапици се обидуваат да го попречат твоето приближување кон Господа, ти послино викај, „Сине Давидов, помилуј ме!“ (Марко 10:48), научи ме секогаш да ја извршувам Твојата волја и да ти припаѓам само Тебе!
„нема да им дадам сон на очите мои, ни дремка на веѓите мои, ниту одмор на слепоочниците мои, додека не најдам место за Господа, дом за Јакововиот Бог” (Псалм 131:4-5).
Мачете се себеси ноќе и дење, не давајте му мир на срцето, додека не го отворите пред Господа, се додека не отворите место за Него во себе и не станете целосно живеалиште на Неговата благодат. Затоа сте создадени и ова е единствената цел на вашиот живот: вашето соединување со Бога.
Ќе го постигнете вашето целосно соединување со Господ со негување на непрекината комуникација со Него преку молитва. Заборавете на сите земни и суетни работи и свртете ги сите ваши желби и склоности кон Него, непрестајно барајте ја Неговата милост, чувајте го Неговото сеќавање постојано во вашиот ум и целосно потопете се во океанот на Неговата љубов.
Тој е твојот Бог,
Тој е твојот создател,
Тој е твојата слава,
Тој е твоето спасение и вечен живот.
Така, стекнете ја и вие „отсега па натаму и засекогаш“ неизгасната желба на пророкот: „ Како што кошутата жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! Душата моја жедува за силниот и живиот Бог...,, (Пс. 41:1-2).
Од книгата: „ДУХОВНА АЗБУКА“
од Свети Димитриј Ростовски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар