„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/ата„

„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/ата!„ 




Оваа молитва навистина прави чуда и затоа се смета за исклучително важна, ако не и најважна од сите. Научете ја оваа молитва, започнете со неа. Научете го на овој начин: заклучете ја вратата од вашата соба, ако сакате, стојте; ако сакате и седите на столче, ако сакате клекнати. Со наведната глава, најпрво погледни во своето срце, размислувајќи и спомнувајќи кој од огромното мноштво гревови најмногу ти го измачува срцето, што е најодвратно за Бога. Ако е блуд, ако е прељуба, размисли само за ова; ако е алчност, прво размисли за ова, ако е немилосрдност и суровост и несакање, тогаш прво фокусирајте ги мислите на ова.

 Стоејќи, седејќи, на колена, најдете си го најтешкиот грев, спуштете ја главата ниско и молете го Господа Исуса најпрво за простување на овој ваш грев... Молете се со Исусовата молитва, најдобро од се со бројаницата и кажите: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/ата„ . И во ова време, размислете за вашиот најсериозен грев. Повторете ја оваа молитва најмалку сто пати, секогаш фокусирајќи ги мислите на вашиот најсериозен и одвратен грев.Откако почнавте со ова, ќе се навикнете да се сеќавате на другите гревови. 

Молејќи се со  Исусовата молитва, ќе ги задржите сите ваши гревови во вашиот ум и ќе побарате од Господа прошка не само за најтешките гревови, туку и за сите ваши гревови. Оваа молитва ќе создаде чудо во вашите души. Ќе се чувствувате посрамени; Кога ќе почнете да го признавате својот најтежок грев пред Бога, ќе почувствувате постојана желба да се ослободите себеси, секако да се ослободите од овој гнасен грев. Молејќи се вака од ден на ден, сè повеќе ќе се ослободувате од вашиот главен грев и од сите ваши други гревови, а вашата душа ќе се преобразува. Вие самите ќе почнете да забележувате како ќе се промени вашиот однос кон ближните: вие самите ќе забележите дека станувате сè помеки, трпеливи, кротки и понизни. Ќе се однесувате со луѓето со големо внимание, ќе се погрижите никого да не навредите. Исусовата молитва ќе го преобрази твоето срце и ќе го создаде ова чудо - невидливото чудо на Божјата благодат во твоето срце. 

Свети Лука Кримски


Comments