Платата на работниците се исплаќа на крај
Платата на работниците се исплаќа на крај
Платата на работниците во Господовото лозје се исплаќа на крајот. Па дури и ако некој работи во Него од првиот час на денот, т.е. од младоста на својот живот, па дури и ако работи од третиот и шестиот час, т.е. од средината на својата возраст, и ако работи на единаесетиот час, т.е. во староста никој од нив не добива плата, бидејќи Господарот на лозјето и праведниот Судија, го гледа крајот на денот, т.е. крајот на животот на секој, плаќа со договорената плата.
А оние што ги наоѓа бавни и, оставајќи го доброто дело од небрежност, ги остава без плата, туку и ги осудува. Ова таинствено го открива Бог преку Езекиел, велејќи: „преведноста нема да го спаси преведникот во денот на неговиот престап, и грешникот поради беззаконието свое нема да падне во денот, кога ќе се откаже од гревот свој, како и праведникот во денот, кога ќе згреши, не ќе може да остане меѓу живите заради својата праведност“ (Езек. 33:12).
Свети Никодим Светогорец
Comments
Post a Comment
Напиши коментар