Кога имаме се, забораваме на молитвата и постот...

 Кога имаме се, забораваме на молитвата и постот...




Oтец Епифаниј Теодоропулос , кога боледуваше, велеше: Фала богу се е во ред.

Бог дозволува праведните и доблесни луѓе да страдаат од ужасни болести за да се исчистат и од најмалите траги на своите страсти и да добијат поголема круна на небото.

Од друга страна, штом дозволи својот сакан Син да страда и да умре на крстот, што да кажеме за луѓето, кои, колку и да се свети, имаат нечистотија и дамки од гревовите.

Сите кои минале низ болки, без разлика дали се душевни или физички, знаат дека никогаш не сме се молеле толку длабоко и обемно како кога сме на креветот на болката или кога нè мачи некоја тешка тага.

Додека кога имаме се, забораваме и на молитвата и постот и многу други работи.  Затоа Бог дозволува болка.

Comments