Лекот во лудилото на помислите...


 




Лекот во лудилото на помислите 


За мене помислата, секоја мисла е најголемото страдање што постои под небото, додека не се преобрази во Богомисла, во Христова мисла, односно додека не се рационализира, не се даде смисла.

Навистина, мислата е пекол, ако не се преобрази во Христова мисла.

Без причина, човечката мисла е постојано во апсурдно лудило, во делириум, во сатанско глупаво самопотврдување, во тоа сатанско: мисла за мисла, во аналогија со l'art pour l'art.

Човечкото размислување се раѓа со гревот, како и чувството.

Единствениот лекар и единствениот лек од ова лудило е Богочовекот, зашто Тој е Бог Словото што стана човек.

Нему и со Него беше дадена и обезбедена на човечката мисла можноста за бескрајно Божествено совршенство.

Тој стана човек токму за оваа планета, доколку ја води гол и „чист“ човечки разум, на крајот и непоправливо да не стане целосна лудница.


Свети Јустин Поповиќ 




Comments