По искушенијата доаѓа духовна радост...

 По искушенијата доаѓа духовна радост...



Искушенијата се даваат за да се откријат скриените страсти, да се бориме со нив и така да ја исцелиме душата. Тие се и пример за божествена милост.

Затоа, оставете се со доверба во Божјите раце и побарајте помош од Него да ве зајакне во вашата борба. Надежта во Бог никогаш не води до очај.

Искушенијата носат смирение. Бог ја знае издржливоста на секој од нас и дава искушенија според мерката на нашата сила. Меѓутоа, да внимаваме и да бидеме будни и внимателни, за да не се ставиме во искушение.

Верувај во Бога Добриот, Силниот, Живиот и Тој ќе те доведе до одмор. По искушенијата доаѓа духовна радост. Господ бдее над оние кои поднесуваат искушенија и неволји заради Неговата љубов. Затоа, не губете срце и не плашете се...

Не сакам да бидете тажни и збунети за тоа што се случува против ваша волја, без разлика колку е тоа праведно. Таквата тага сведочи за постоењето на себичност...

Пазете се од себичноста, која се крие под маската на правото. Пазете се и од ненавремена тага, таа се создава по правична проверка. Преголемата тага за сето ова е искушението. Една е вистинската тага...

Онаа што се создава, кога добро ќе ја запознаеме бедната состојба на нашата душа. Сите други таги немаат никаква врска со Божјата благодат.

Грижете се да ја чувате во своето срце радоста на Светиот Дух и да не дозволите злите да му го истурат лекот. Бидите внимателни! Пазете се, да не се претвори во пекол Рајот што е во вас.


Свети Нектариј Егински 

Comments