Чудотворно исцеление од Светата Причест...


 




Чудотворно исцеление од Светата Причест



Една жена по име Велика П., добра домаќинка од село Брусник, раскажува како пред две години лежела болна во Битолската болница.

Раката и беше многу отечена. Лекарите и го пробиле отокот и од раката и излегувало големо количество гној. Потоа, еден ден ѝ пришол отец Јован Максимович  тогаш професор во Богословско училиште, а сега Епископ Шангајски (во 1994 година бил прогласен за Светител). Таа не го познаваше.

Отец Јован и понуди да се причести и таа се причести. Поради оваа таа страдаше помалку.

По два-три дена, отец Јован повторно ја посети и повторно ѝ предложи да се причести. Таа прифати, но рече дека прво ќе пости најмалку три дена, а потоа ќе се причести. Затоа што, вели, минатиот пат се причестила без пост и има каење.

Отец Јован ја пушти да прави како што сака и си замина. Жената почнала да пости, а од сета храна што и била понудена во болница, земала само леб.

По три дена отец Јован ја причести. Ова се случи на Велика среда наутро. Пред да падне ноќта, раката на пациенката била целосно здрава. Дошол докторот кој и рекол дека ќе мора да остане во болница најмалку три месеци.

И се изгуби кога виде дека во внатрешноста на раката се исуши целиот гној и дека пациенката не чувствува болка при притискање на раката.Ја прекрстил жената и рекол дека е здрава и дека може веднаш да си оди дома.


Од книгата на Свети Николај Велимировиќ, „Емануел"


Comments