„...Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов...„

  „...Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов...„


„...Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов, повеќепати бев затворан во темница, и многупати на умирање; 

Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;

трипати сум удиран со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабочина;

многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од сонародници, во опасност од разбојници, во опасност од друговерци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија;

 Освен надворешните непријатности, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви; 

Кој ослаби, и јас да не ослабам? Кој се соблазни, и јас да не се распалам? ; 

Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам; 

Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен во веки, знае, дека не лажам.“

(2. Кор. 11, 23-31) ~ Апостол Павле.

Comments