На кого Пресветата Богородица милостиво му го поклони Својот благослов...

Благо на секого кој ќе го прими благословот од Пресветата Богородица.
Од љубовта спрема Создателот Свој и од човекољубието Пресветата Богородица и сега и служи на Црквата Христова.
И сега Таа доаѓа на помош на верните, каде и да се верните кои плачат за нејзината помош, и тоа сега со поголема сила и леснотија и брзина. Затоа да Ја повикаме и да го побараме Нејзиниот благослов.
На кого Таа милостиво му го поклони Својот благослов, ако е грешен ќе се оправда, ако е немоќен ќе се зајакне, ако е лепрозен ќе се очисти, ако е паднат ќе се исправи, ако е тажен ќе се зарадува.
Благо на секој кој ќе го прими благословот од Пресветата Богородица.
А секој кој ќе го прими благословот на Неа и прави чест и Ја прославува.
По Својата мајчина милост Таа ќе ги спаси сите оние кои молитвено и со солзи ќе повикат:
ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, СПАСИ НЕ НАС!
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар