Сеќавање на едно од духовните деца на Свети Гаврил Грузијски

 Сеќавање на едно од духовните деца на Свети Гаврил Грузијски




Едно од духовните деца на Свети Гаврил Грузијски , по име Нодар, го раскажа оваа :

Отец Гаврил еднаш пројде неколку дена со мене и мојата фамилија. Ја осветивме целата куќа и цела ноќ разговаравме и се молевме. Потоа отец Гаврил кажа: ,,Нодаре брате мој , до шест часот  морам да бидам во манастирот. Дали ќе можеш да ме одведеш во Мцхета?„ - Се разбира му одговорив.

 Тоа беа денови кога се беше под контрола. Појдевме за Мцхета. Додека излегувавме од Тбилиси , седум наоружани луѓе ни го попречија патот и бараа да застанаме. Тоа беа 90-тите години.

Отец Гаврил ми кажа да не застанувам но јас бев внимателен и застанав. Отец Гаврил седеше многу мирно. Излегов од автомобилот да им ги дадам документите на луѓето, но се испостави дека тие не се заинтерсирани за документите туку за мојот автомобил.

Се спротивставував, иако разбирав дека борба со седум вооружени луѓе е ризична работа. Во тој момент го видов Отец Гаврил како излегува и оди накај нас. Тогаш се случи нешто необично; како огромен светол столб слезе од небото, а потоа и натприродно висок, убав, вонземски човек со стап  и бела брада. Удари со стапот по земјата и рече со чуден глас: ,,Како се осмелувате да не застанете?!Треба да ви биде срам!„. Тоа беше натприроден феномен кој сите ги шокираше. Уплашените вооружени луѓе се разбегаа на сите страни. Оној кој ги имаше документите остана замрзнат на место, и ми ги гураше документите во раце и не молеше што побргу да заминеме.

Кога заминавме Отец Гаврил ме погледна  и ме праша: ,,Што ќе кажеш Нодаре? Мислам дека добро се снајдовме, нели?„



Comments