Првиот и најважен извор на сите нешта е: мојата душа го благословува Господа...


 



 

Првиот и најважен извор на сите нешта е: мојата душа го благословува Господа...


... Нема излез, како што стојат работите. Денешното Евангелие:  Со својата трпеливост спасувајте ги душите свои  (Лука 21,19).

Изворот на лажната религија е неможноста да се радуваме, попрво негирањето на радоста, додека радоста е апсолутно суштинска затоа што, без сомнение, таа е плод на Божјото присуство.  Човек не може да знае дека Бог постои и да не се радува.  Само во однос на радоста, стравот Божји и смирението се правилни, искрени и плодни. Надвор од радост, сè станува демонско, подлабоко изопачување на секое религиозно искуство. Религија на страв. Религија на лажно понизување. Религија на вина: сите со искушенија и замки – навистина многу силни, не само во светот, туку и во Црквата. „Религиозните“ некако на радост гледаат со сомнеж.

Прв и главен извор на сите нешта е: мојата душа го благословува Господа... . Стравот од гревот не нè спасува од гревот.  Она што не спасува е радоста во Господа.  Чувството на вина или морал не нè ослободува од светот и неговите искушенија.  Радоста е основата на слободата, каде сме повикани да застанеме.  Каде, како и кога оваа атмосфера на христијанството се искриви и затапе - поточно, каде, како и кога христијаните станаа глуви на радост?  …

Постојано доаѓаат луѓе да побараат совет (денес од 7:30 сабајле, исповед, дискусија, дискусија, дискусија, четворица со проблеми, не сметајќи ги состаноците што ги имам подоцна). И некоја слабост или лажен срам ме спречува да им кажам: Немам совет да ви дадам. Имам само изнемоштена, треперлива, но сепак за мене, непрекината радост. Дали ја сакате? Не, не ја сакаат. Сакаат да разговараат за „проблеми“ и да разговараат за „решенија“.  Не, немало поголема победа на ѓаволот во светот од оваа „психологизирана“ религија.  Во психологијата има се. За неа едно е незамисливо:  радост!


отец Александр Шмеман

Comments