МАНАСТИР СВЕТА МАРИНА НА ОСТРОВОТ АНДРОС

 МАНАСТИР СВЕТА МАРИНА НА ОСТРОВОТ АНДРОС


Еден од најпознатите манастири посветени на великомаченичката Марина - Огнена Марија се наоѓа на островот Андрос во Грција.

Бројот од Манастирот на Света Марина во Андрос: +30 2282 024074

Во овој манастир се случија многу чуда и исцеленија по молитвата пред иконата на оваа прекрасна светителка.

Прочитајте едно од чудата на Света Марина, исцелувањето на Ирина Ифанти од Атина




Во јули 2006 година се случи чудо, кога лекарите открија вознемирувачки знаци на рак, Ирена тогаш имаше 28 години и мајка на тригодишно дете.

Мајката на Ирина беше исцелена една година претходно на Андрос за време на светата Литургија и се погрижила да ја донесе својата ќерка кај старец Кипријан во манастирот Света Марина за да ја утеши со духовни совети. Старецот рекол дека мора да се оперира, но мора да се смири бидејќи света Марина ќе биде со неа. Враќајќи се во Атина отишла на преглед во болницата Свети Сава, резултатите покажале дека има рак на тироидната жлезда.

Ракот се ширеше се повеќе и операцијата беше итна. Повторно отпатуваа за Андрос, тогаш старецот Кипријан и рече на загрижената мајка; „Света Марина те излечи од рак, мислиш ли дека ќе ја остави ќерка ти. Тогаш тој ѝ даде парче ткаенина натопена во осветено масло од кандилото на чудотворната икона на Света Марина и нареди да биде со неа за време на операцијата. Старецот и дал слатки пред да замине, велејќи; „Кога ќе дојдеш пак, ти донесеш слатки“, и се вратија во Атина.

За време на операцијата се случи следното чудо. Хирургот по операцијата сведочеше дека во еден момент неговата рака била водена на заразеното ткиво кое лекарите не го ни дијагностицирале, тоа било многу добро скриено подрачје на ткивото кое успешно било отстрането. Всушност, според докторот, целата операција била успешна, доколку неговата рака не била водена на тоа незабележано место, Ирена ќе била принудена на уште една операција за отстранување на ракот.

Пет часа по операцијата, кога почнала да закрепнува, нешто тргнало наопаку. Почнала да чувствува вкочанетост и неизмерна болка во телото. Состојбата се повеќе и се влошувала, ја враќале во операциона сала. Поврзана со цевка, таа едвај можеше да се движи или да зборува поради вкочанетоста, а најлошо од сè, нејзиниот здив почна да згаснува. Сакала да побара од докторот повеќе кислород, но не можела поради цевката и вкочанетоста.

Ирена на крајот почнала да чувствува одвоеност од телото и се нашла во крајна темнина, повеќе не чувствувала болка. Таа ги мрдаше рацете, но темнината беше толку голема што не можеше да ги види, дури и движејќи ги рацете пред лицето. Тоа беше осамено и безнадежно место, рече таа подоцна. Сакала да се моли на Бога да и помогне, но рекла дека не може да се моли, бидејќи тоа место зрачи со отсуство на Бог. Не чувствувајќи ја вистинската смисла на времето таму, таа веруваше дека таму поминува часови и денови и дошла до заклучок дека е веројатно е во пеколот поради своите гревови. Ова ја натерало да се чувствува безнадежно и очајно додека не слушнала глас. Таа потоа извика: "Света Марино! Можам да дишам!" велејќи дека се чувствувала како се враќа во нејзиното тело.

Кога се разбудила Ирена видела дека е опкружена со 6-8 доктори и машини околу неа. Дишеше нормално и не чувствуваше болка. Таа целосно се опорави и сега е ослободена од рак. Хирурзите и рекле дека умрела и се вратила - еден дури рекол: „Ирена воскресна!

Comments