Нема да те оставам сам...



"Нема да те оставам сам“, вели Господ.  Колку голема и света причина, особено во нашево време, кога безброј луѓе се чувствуваат осамено, се жалат на осаменост.  Тие се среде гужва, но се чувствуваат сами. Тие се меѓу многу пријатели, но често се чувствуваат сами.  Човек кој го има Бога никогаш не е сам.  Осаменоста не го убива, напротив, го прави среќен.  Во осаменоста, тој може да се чувствува во попогодна атмосфера, каде што може подлабоко да размислува за нашиот Отец Небесен, каде што може потивко да се моли, каде што може да ги развие своите мисли, да се вознесе кај Бога со нив.  Сите Светители ја сакаа самотијата. Не затоа што побегнале од општеството, туку затоа што таму го сретнале Бога.


 Архиепископ Јустинијан

 

Comments