Се случува човекот сакајќи да го сочува другиот човек, како овој да не бидне повреден, го застанува и му кажува:Не дирај го тоа! Тука е сокриен отровот.
Гледаме многу такви работи во светот.
Божјиот збор не чува од грев и на секој од нас ни кажува: Човеку чувај се од грев! Во гревот е сокриен отровот.
Кога ќе го додирнеш ќе те погуби:Зошто платата за гревот е смрт (Рим.6:23).
Отровот е во омразата, злопамтењето и во убивањето - чувај се од тоа!
Отровот е во блудот и во секоја нечистотија - чувај се од тоа!
Отровот е во пијанството, во луксузот и сластољубието - чувај се од тоа! Отров е во непријателството и кавгата - чувај се од тоа!
Отров е во крадењето, грабањето, насилството и во секое неправедно дело - чувај се од тоа!
Отров е во празнотијата и мрзливоста - чувај се од тоа!
Отров е во клетвата, осудувањето, псуењето,гадниот јазик,глупите зборови,богохулењето и во секој некорисен и гнил збор -чувај се од тоа!
Отров е во гордоста, славата, суетата и во лицемерието - чувај се од тоа!
Отров е во секое дело, збор, помисла и богоспротивна постапка - чувај се од тоа!
Чувај се од секој грев човеку! Да не те убие! Отровот го убива телото, гревот - душата.
Се чуваш од телесната смрт,но пред се си должен да се чуваш од душевната смрт која ја предизвикува гревот.
Почесна и повредна е душата од телото, мораш неа да ја чуваш.
Чувај се или не се чувај телесната смрт да ја избегнеш неможеш. Таа е неминовна за сите па и за тебе.
Но, ако ја чуваш својата душа од смртоносниот отров на гревот, тогаш засекогаш жив ќе бидеш, зошто со Благодата Божја ќе останеш не во смртта, туку во вечниот живот.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар