Секој Свет Храм е и парче рај на земјата...

 



Секој Свет Храм е и парче рај на земјата.

 И кога сте во Храмот, веќе сте во рајот.

 Затоа, кога земјата ќе ве здроби со својот пекол, трчајте во Храмот, влезете внатре и видете дека сте во рајот.

 Ако луѓето ве вознемируваат со својата злоба, свртете се во Храмот, клекнете пред Бога и Тој ќе ве прими под Својата слатка и семоќна заштита.

 Ако се случи да паднат врз вас цели легии на демони, трчајте во Храмот, меѓу Ангелите, бидејќи Храмот е секогаш полн со Ангели и Ангелите Божји ќе ве заштитат од сите демони на овој свет и ништо не може да ви се направи...


 Свети Јустин Поповиќ

Comments