Стела, разбуди се, Свети Давид дојде од Евија...

 



Стела, разбуди се, Свети Давид дојде од Евија



 .... 21-годишна девојка, студентка Стела, била удрена од автомобил на крајот на август 2018 година и била во вегетативна состојба, на Одделот за интензивна нега, кај Црвениот крст, во Атина.

 Нејзините роднини од Кипар, кои ни беа познати, не молеа да одиме во болница и да ја  прекрстиме со Светиот Крст на Свети Давид.

 И навистина отидовме.

 Нејзиниот татко, г-дин Лоизос, штом не виде, возбудено викна:

 Стела, разбуди се, Свети Давид дојде од Евија.

 Го ставивме Светиот Крст на глава,му се помоливме на Свети Давид и веднаш Стела ги отвори очите.

 Оттогаш, нејзината состојба се подобрува секој ден.

 Докторите, кои претходно ги кренаа рацете, сега беа воодушевени од овој неочекуван позитивен развој на нејзиното здравје!

 Кога малку подоцна заминавме за Кипар со Светиот Крст, Стела нѐ пречека на аеродромот на враќање здрава, за да го пречекаме и почестиме и да му заблагодариме на Светителот.

 И додека остана со проблем со сетилото за мирис, не можела ни да помириса, тој ден кога се поклонила на моштите на Свети Давид, го почувствувала неговиот мирис и така полека и се вратило сетилото за мирис.


 Гледате ли како се живи нашите Свети?


 Извадок од проповедта на игуменот на манастирот Свети Давид од Евија старец Гаврил

Comments