Оружје против ѓаволот...

Оружје против ѓаволот




 

  Свети Нектариј на крајот од ова најважно дело цитира делови од проповедите и искуствата на Светите кои „викаат и велат“ дека Крстот е најголемо ору Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. жје против ѓаволот.


  Славата на Свети Антониј се рашири надалеку.  Достигна до ушите на некои пагански филозофи, кои ја исмеваат нашата вера и нашиот Крст.

  Филозофите го посетија Свети Антониј.  Го предизвикаа да им каже нешто за нашата религија (која ја исмеваа...).

  Тој ден, некои луѓе опседнати од демони биле донесени кај Свети Антониј да ги излечи.  Светителот ги однесе пред паганските филозофи. Тој ги повика филозофите да ги излечат луѓето:

  Тука сте!  овде пред вас се опседнати луѓе.  Излечете ги со вашата идеологија и вашите идоли. Ако можете ако не, престанете да ги браните вашите филозофии и да се борите против нашите верувања. 

 Гледајте во Крстот.

  Светителот се помолил, трипати ги прекрстил опседнатите, демоните биле избркани, а опседнатит Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. е оздравеле.

  Филозофите му се восхитувале на Свети Антониј на неговата мудрост и неговата моќ.

  Не се чудете на тоа- им кажа.  Тоа не го направив јас туку Христос, во Кого веруваме.

  Бидејќи Крстот е оружје против ѓаволот, и бидејќи ѓаволот постојано трча меѓу нас како бесен лав, затоа Светите Отци не советуваат секогаш да бидеме вооружени со Крстот.


  Извадок од книгата Крст,

  Свети Нектариј Егински 




⚠️ Важна напомена за преземање содржини:

Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.

Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!

Comments