„Силуанска песна“

Свети Софрониј Сахаров ја слуша „Песната на Силуан

- „Силуанска песна“.


Музичкото парче „Silouan Song“. напишана е во 1991 година од Естонскиот композитор Арво Пaрт https://www.arvopart.ee/en/ еден од најважните живи композитори на религиозна музика која беше замисла на Свети Софрониј Сахаров.

Ова музичко дело го посвети на братството Есекс.

Песната за Свети Силуан Атонски се заснова на зборовите на Свети Силуан Атонски:

,,Мојата душа копнее по Господа и со солзи го барам. Како да не те барам? Ти ме бараше најнапред и ми даде да се радувам во Твојот Свети Дух, и мојата душа те засака. Ти ја гледаш, Господи, мојата тага и моите солзи... Ако не ме донесеше кај тебе преку Твојата љубов, тогаш не требаше да Те барам како што сега Те барам, но твојот Дух ми даде да Те запознаам. и душата ми се радува што си мој Бог и Господ, и до солзи копнеам по тебе…,,

Овие зборови не се слушаат во композицијата на Перт, туку се скриени во мелодијата.

Целата композиција е проткаена со длабок копнеж по Бога: болка и копнеж по Бога, се добива впечаток дека виолините и виолончело се молат и го слават Бога.

Silouans Song - YouTube



Comments