Кажи, нека биде благословено!...

 



Кажи, нека биде благословено!



 Некој што имал сериозен проблем и отишол и плачел кај Светиот и пак плачел и му кажал,дека тоа е човечки нерешливо.

 Слушај, чедо мое, Господ ти доверил мало искушение, мала тешкотија, мал проблем...

 А ти наместо да се радуваш на тоа што ти го доверил, седиш и се грижиш?  Кажи, Христе мој, нека е благословено!  Бидејќи ти го избра ова, или мојата слабост го определи ова и ти го подржа, благословен да си... И фала Ти Боже.

 Забораваме да се заблагодариме и на тагата и на болката.  Еднаш имаше едно дете кое го задеваа други деца затоа што беше малку слаб, малку срамежлив итн.  И тој беше вознемирен и во болка.  Отиде дома и плачеше.  Се пожалил на баба му зошто мајка му починала.

 Бабата беше верник.И му кажа не грижи се, дете мое, му рече, заблагодари му на Бога за ова и за се.  Помина долго време и детето сфати.  Добри зборови, кога ќе влезат во душа, остануваат, знаете.  Малку по малку се обработуваат, вродуваат и излегуваат.


 Свети Порфириј Кавсокаливит

Comments