Се разболе една госпоѓа, позната Атинска богата жена. Оваа госпоѓа имала богата сестра која дојде од Египет. Нејзиното име беше Елени Влаху. Дојде да ја види својата болна сестра.
После разговорот и кажа: Повикај го Отец Никола, нека ти посака здравје. Ќерката на болната жена многу ја сакала надворешната убавина.
Отецот, пак, поради неговата секојдневна работа, правење на свеќи, со нивните масла и слично, не можеше да бидне целосно чист. Секако, тој беше чист, но не како што сакаше таа млада дама да биде.
Затоа и кажа на тетка си:
- Тето, да викнеме пристоен поп од големите Цркви, а не тој што е толку прашлив.
Таа вечер го видела Отец Никола во сон, во златна мантија, со златни монистра и тој и вели: „Дали ти се допаѓам, дете мое“?
Исплашено девојчето се разбудило, веднаш ја испратило тетка и и ја молела што побрзо да го повика Отецот. Тетката повика една од своите куми, по име Катина, и ѝ рече:
Оди брзо, кажи му на Отец Никола во мое име да дојде дома веднаш по службата. Девојката појде, трогната од тоа што се случи и му кажа. Потоа го зеде Отец Никола и го доведе кај болната жена.
Додека се качуваа по скалите, ќерката на болната жена слезе да го прими со голема почит и додека се наведна да му ја бакне раката тој и кажа:
Дали ти се допадна дете мое, како ме виде? Возбуда и зачуденост се протегаа низ целото нејзино тело. Таа никогаш не очекуваше таква проверка на нејзината суета.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар