Дали некогаш сте го набљудувале животот на срцето...


 

Дали некогаш сте го набљудувале животот на срцето?  Обидете се да го направите тоа, дури и малку, и ќе видете што ќе откриете:

 Ви се случува нешто непријатно и се вознемирувате.Ќе ве снајде несреќа, а вие самите се сожалувате.

 Гледате некој што не ви се допаѓа и веднаш во вас извира непријателство.  Среќавате некого на вас рамен, кој во меѓувреме социјално ве престигнал и почнувате да му завидувате.  Се сеќавате на вашите таленти и способности и почнувате да се чувствувате горди…

 Сите овие страсти: суета, телесна желба, ненаситност, среброљубие, злоба... натрупани едно врз друго, на крајот го уништуваат срцето.  И сето тоа може да го скрши срцето за само неколку минути.

 Затоа еден подвижник кој вршел строга контрола над себе рекол сосем со право дека: човечкото срце е полно со змии отровни.  Само срцата на Светите се ослободени од овие змии: страстите.


 Свети Јован Шангајски и Санфранциски 


Comments