Свети Нектариј: Испраќа кафе и шеќер, по Неговото заспивање и среде окупација, во својот манастир!
Свети Нектариј: Испраќа кафе и шеќер, по Неговото заспивање и среде окупација, во својот манастир!
Свети Нектариј во Регистарот на манастирот навел монахињите да пијат по една шолја кафе наутро и едно попладне. Но, за време на окупацијата 1941-1945 година, на пазарот немаше шеќер или кафе.
Игуменијата наредила сестрите да пијат кафе само наутро, не попладне, за да не се потроши брзо.
Но таа ноќ Светителот и се претстави на игуманијата и строго и рече:
- Зошто ги прекршуваш моите наредби и не им даваш кафе на сестрите попладне?
- Но, нема каде да се купи и нема брзо да се потроши.
-Тоа е моја работа, како ќе се најдат. Сакам да се извршат моите наредби, ѝ рече Tој.
Истата ноќ заплови брод со кафе и шеќер. Капетанот го здогледува Светителот на сон и му вели: „Наутро, прати вреќа шеќер и вреќа кафе во Егина, кај мене дома“.
Утрото, кога се разбудил, ја прашал својата екипа дали е некој од Егина. И навистина, имаше. Им кажа за својот сон. Тогаш веднаш сфатија дека тоа е свети Нектариј.
- Дали имаш икона од Него? -ги праша.
Му покажаа една. Капетанот ја препознал како човекот што го видел во сон. Ја прегрна.
Следниот ден провел покрај Егина и ги известил сестрите да се симнат на плажата да земат храна. Воодушевените сестрите добиле кафе и шеќер!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар