Господ нè посетува и нè ослободува од тиранијата на тешките мисли...
Господ нè посетува и нè ослободува од тиранијата на тешките мисли
Кога се чувствуваме оптоварени со тешки мисли, ако сме во состојба да му ги довериме мислите на истомисленик, тогаш и тоа е исповед.
Тогаш доаѓа Господ и нè утешува преку овој човек кој се согласува со нас.
Се подразбира дека Господ не утешува во секој момент, дури и кога сме сами, а покрај себе немаме добар христијанин.
Но бидејќи многу пати сме збунети и не можеме да го разбереме присуството на Господ, добро е покрај нас да имаме добар Христијанин кој мисли како нас.
Господ е кроток и тивок, Неговиот глас не е гласен, туку тивок и смирен, а ние, вознемирени, не го слушаме.
Но, еден момент имаме една мисла, а во следниот друга мисла и така натаму. Затоа ретко го слушаме мирниот,тивок, божествен глас.
Ако потоа се трудиме да правиме добри дела, се трудиме да бидеме добри, Господ нè посетува и нè ослободува од тиранијата на тешките мисли.
Нè ослободува од бурата на мислите. Тогаш ни доаѓаат тивки мисли... Тогаш јасно го слушаме гласот Господов и чувствуваме неопислива радост!
Старец Тадеј
Comments
Post a Comment
Напиши коментар